Манчестер Јунајтед во рамките на 10. коло во Премиер-лига го совлада Тотенхем на гости со 3-0 со головите на Роналдо, Кавани и Рашфорд. По овој триумф, Оле Гунар Солскјер си купи малку време.
Тренерот на „црвените ѓаволи“ е под голем притисок по серијата лоши резултати, а англиските медиуми веќе со недели бараат негова смена. Најгласни критичари се навивачите.
На социјалните медиуми се појави интересно видео. Додека даваше изјава, еден од навивачите му дофрлаше на Солскјер, кој пак го замали да почека за да заврши со новинарот, а потоа да ги искаже своите навреди.
Brutal from Ole pic.twitter.com/d8qD4IfHzg
— Mawuli (@MawuliUtd) October 30, 2021