Штета: Тричко ја прекина фантастичната серија на Кипар!

216

Штета, нема гол на Македонецот во осмиот меч во серија во елитната лига на Кипар. Иван Тричковски вечерва не успеа и во осмиот меч да стрела во противничката мрежа, а во тоа го спречи исто Македонецот, Мартин Богатинов, голманот на Ахна. Да, АЕК Ларнака успеа на свој терен да ја совлада Ахна, со тоа да го задржи првото место на табелата во првенството на Кипар, но домашните фанови останаа по малку разочарани. Нивниот миленик, капитенот на АЕК Ларнака не успеа да се запише во листата на стрелците и во осмиот меч по ред.

Сепак и по ова коло Тричко е прв на листата на стрелците со 8 голови постигнати во минатите седум кола во серија.

Инаку победничкиот гол за АЕК Ларнака беше дело на Ромо, кој во 65.минута погоди за победа и нови три бода за тимот на Тричко.

ПретходноАугсбург го “торпедираше“ Штутгарт!
СледноКОМЕНТАР НА 12. КОЛО: Зарем не е време за откази или оставки во Шкендија!?