Агуеро синоќа заврши во болница

212

Серхио Кун Агуеро синоќа го заврши ремито против Алавес на домашен терен уште во првиот дел. За време на мечот не се дозна причината но утринава шпанските медиуми јавуваат дека Агргентинецот почувствувал гушење, и дека откако беше заменет веднаш заминал во болница. Констатирана е тахикардија односно забрзана работа на срцето.
Сега станува јасно дека ќе мора Агуеро да мине низ серија детални прегледи, за да не дојде до некоја несакана ситуација, и дека тој ќе го пропушти многу важниот меч од Лигата на Шампионите кои Каталонците го играат против Динамо Киев.

 

ПретходноТешеира главен на УФЦ спектаклот во Абу Даби (ВИДЕО)
СледноЖорди Алба: Ова е недопустливо, Барселона не смее вака да игра