Според инсајдерот на Филаделфија Инквајер, Кит Помпеј, постои можност еден од најдобрите кошаркари на Филаделфија, Бен Симонс, да се врати во тимот во следните неколку недели.
Во лигата се шпекулира дека „Сиксерси“ може да играат со Симонс на гостувањата од 13 до 25 ноември. Во тој период Филаделфија треба да игостува кај Индијана (13 ноември), Јута (16), Денвер (18), Портланд (20), Сакраменто (22) и Голден Стејт (24).
Симонс го пропушти тренинг кампот затоа што побара од Филаделфија да го размени. Пред почетокот на сезоната тој пристигна во клубот, но тренерот Риверс набрзо го исфрли Австралиецот од тренинг затоа што не покажал ентузијазам. Подоцна Симонс призна дека психолошки не е подготвен да игра во новата сезона.