Уште еден резултатски дебакл на тимот на Барселона и тоа на домашен терен. Синоќа во рамките од новото коло во Примера, на Ноу Камп домаќинот не успеа да го победи тимот на Алавес во меч кој заврши 1:1. По натпреварот нормално, сите до еден од домашниот табор, разочарани, гневни, затоа што се сметаше по смената на Роналд Куман барем малку ќе се стабилизира ситуацијата со евентуален триумф на Алавес тим кој не смее реално да не биде победен во ваква ситуација.
„Многу лош резултат, ужасен. Сакавме да победиме, да освоиме три бода пред нашите навивачи. Ова е многу лошо и е недопустливо за тим како Барселона“ – изјави Жорди Алба па додаде.
„Се обидуваме да ги пребродиме овие тешки моменти и да бидеме подобри од меч во меч. Ни недостасува реализација. Мораме да напредуваме во сите сегменти од играта, затоа што само така ќе дојдат бодовите и добрите резултати. Уверен сум дека ќе се извлечеме“ – додаде еден од капитените на Барселона.
🎙 @JordiAlba talks about why the result doesn't reflect the performance: pic.twitter.com/y7wWX1B9bl
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 30, 2021