Екипата на Интер го совлада Удинезе во 11. коло на Серија А. Шампионот го реши противничкиот голман со два гола во второто полувреме, а стрелец на двата гола беше шпанскиот интернационалец Жоакин Кореа.
Тој погоди во 60. и 68. минута. Македонскиот интернационалец Илија Несторовски кој се врати по долгата пауза поради повреда, минатиот меч остана на клупата, а денеска на „Меаца“ не беше во протоколот.
Удинезе го запиша четвртиот пораз, а Интер стигна до седмата победа.