Тимот на Ливерпул вчера ја прекина победничата серија во Премиер лигата и одигра само 2:2 на домашен терен против Брајтон.
Иако на стартот на мечот домашните тргнаа фуриозно, постигнаа набрзина два гола, дури и трет кој беше поништен од ВАР, сепак, на крајот мораа да се задоволат само со бод. Зошто? Затоа што промашија еден куп шанси во првото полувреме кога можеа да го уништат противникот, и дозволија резултатски да гостите да се вратат односно на крајот да освојат екстра бод на Енфилд.
„Не е проблем што не победивме. Се случува. Проблем е што потигнавме прекрасни погодоци, едни од најубавите што сум ги видел, а Брајтон истите ги „поништи“ – рече Клоп па додаде.
„Имавме многу ситуации во првото полувреме. Покажавме дека можеме сериозно да му нанесеме штета на Брајтон. Добро се движевме во средината, игравме добар фудбал. Проблемот беше што нашето водство беше само со два гола. Во вториот дел не одигравме добро. Најдобриот начин да се одбраниш од екипи како Брајтон е да ја контролираш топката, да ја имаш во свој посед. Не ги искористивме доволно слободните зони на теренот, и тоа беше клучот на нашиот неуспех на овој меч“ – додаде Клоп.
Jürgen Klopp rued his side’s failure to build on their two-goal lead as Brighton came back to claim a 2-2 draw at Anfield:
— Liverpool FC (@LFC) October 30, 2021