Нова победа, осма по ред во осмиот меч во првенството на Португалија, за ракометарите на Порто. И уште една одлична партија на нашиот репрезентавен голман Никола Митревски. Порто победи на гости кај Брага со 24-33, а Македонецот имаше осум одбрани на голот на гостите. Митревски покажа дека и натаму е во добра форма, она што требаше да го одбрани, тоа го направи со стил.
По ова 8.коло во шампионатот на Португалија, Порто заедно си Бенфика и Спортинг е на делба на првото место. Инаку добрата форма на Митревски може само да го радува нашиот селектор Кире Лазаров.