Давид Алаба после 13 години минати во Баерн Минхен, како слободен играч во јули се пресели на “Сантијаго Бернабеу“. Игра добро, еден е од подобрите играчи на „кралевите“ репрезентативецот на Австрија.
Во интервјуто за германски “Кикер“ тој покрај другото направи споредба меѓу германскиот и шпанскиот гигант.
„Јасно е дека Баерн Минхен е голем клуб, еден од најголемите во светот, но сепак Реал Мадрид за нијанса е поголем. Само кога ќе влезете на стадионот, во музејот на Реал, се осеќа таа аура на големината на клубот. За минатото на Реал може да научите и кога шетате низ градот Мадрид. Дојдов во Реал да испишам својата приказна, често ми велат дека не сум достојна замена за Серхио Рамос, но мене не ме интересираат тие коментари“ рече покрај другото дефанзивецот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Австрија.