Елмас: Титулата е сеуште далеку, Интер и Милан се голема конкуренција

205

Екипата на Наполи на чело со нашиот Елиф Елмас викендов извојува уште една победа во низа во домашната Серија А, против тимот на Салернитана на гости од 0:1, и на тој начин и натаму остана на чело на табелата по единаесет доиграни кола со 31. бод.

Наполитанците во моментов се број еден во Италија, што не значи ниту од далеку дека ќе остане така. Конкуренцијата е жестока, табелата изедначена, и еден кикс, може многу нешта да смени.
Во ова се согласува и самиот Елиф Елмас, кој порачува преку медиумите дека него и неговите соиграчи не смее да ги зафаќа еуфорија, напротив мора уште многу да работат да за стигнат до посакуваната цел, а тоа е Скудетото.

„Добро ни оди со новиот тренер, Спалети. Откако пристигна тој се променија многу нешта. Сега сме повеќе екипа, се пронаоѓаме на теренот. Со мислите сме како еден, и тоа многу ни помага. Титула? За тоа е премногу рано да се зборува. Конкуренцијата е голема, Интер и Милан се големи клубови. Ќе биде неисвесно до самиот крај, а ние мора да одиме чекор по чекор, меч по меч“ – изјави Елмас.

 

 

ПретходноШто му е на Кевин Дурент? Прво казна, а сега исклучување…. (ВИДЕО)
СледноБајиќ одбра за следниот репрезентативен предизвик