Златан Ибрахимовиќ на полни 40 години во моментов е еден од најдобрите играчи во Серија А, а на вчерашното дерби против Рома на гости постигна прекреасен гол од слободен удар во триумфот од 1:2.
Откако реализираше, Ибрахимовиќ прослави пред трибината на навивачите на Рома, кои го навредуваа цел натпревар пеејќи „ти си Циган“ секогаш кога Златан ја имаше во посед топката. Со прославата Златан само им порача дека воопшто не го засегаат навредите напротив го мотивираат.
„Ма само нека продолжат да скандираат глупости, да ме навредуваат. Што се тие погласни, тоа сум јас подобар“ – изјави Златан по мечот.