Македонската ракометна репрезентација се подготвува за двата пријателски средби против Египет во рамките на ЕХФ неделата. Токму со овие натпревари почнува мисијата ЕП 2022. Египет ќе ја даде вистинската слика, Кирил Лазаров и неговиот стручен штаб добро ќе знаат што ќе треба да се поправи пред стартот на континенталното натпреварување, на кое Македонија ја чека тешка група, ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска. Лазаров од утре на располагање ќе го има комплетниот состав ќе се приклучат Митревски, Пешевски и Миркуловски.