Ужасни сцени се случија синоќа во Бразил по завршувањето на мечот меѓу Гремио и Палмеирас во кој домашните загубија со 3:1.
Навивачите на домашната екипа по последниот свиреж влегоа на теренот и се обидоа да го уништат ВАР системот.
Фудбалерите на Гремио мораа да избегаат во тунелот и соблекувалните, додека траеше вистински хаос на теренот. Мала група навивачи се обидела да се судри и со обезбедувањето и го нападнала со тупаници, додека полиција не се појави на теренот и трибините за да ја смири ситуацијата.
Torcedores do Grêmio invadem o campo da Arena após a derrota para o Palmeiras e provocam quebra-quebra em campo. Confusão toma também as arquibancadas. pic.twitter.com/D9fOYmmXgO
— ge (@geglobo) October 31, 2021