Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, со голот против Рома кој го постигна синоќа за водство на „миланезите“ од 1:0 стигна до бројката од 400 првенствени голови во кариерата.
Ибрахимовиќ го постигна својот прв првенствен гол во октомври 1999 година во дресот на Малме. Од оваа бројка на 400 гола, дури 150 постигна во Серија А во дресовите на Јувентус, Интер и Милан.