52-годишниот италијански стручњак Антонио Конте ги доставил своите барања до раководството на Тотенхем, кои и натаму се сериозно заинтересирани да го ангажираат на менаџерското место.
Според новинарот Николо Шира, Конте барал да добие 3-годишен договор со плата од 15 милиони евра годишно и гаранција дека Тотенхем ќе може да набави 3-4 играчи од неговата листа на посакувани засилувања. Преговорите меѓу двете страни се во тек.
Позицијата на актуелниот тренер на лондончани Нуно Еспирито Санто е разнишана по поразот на тимот со убедливи 3:0 на домашен терен од Манчестер Ј. во мечот од 10. коло.