Иако минатиот месец го прослави својот 40-ти роденден, Ибрахимовиќ се уште покажува магија на теренот, а со своите голови потсетува дека се уште не е за пензија.
Ибрахимовиќ постигна фантастичен гол на вчерашниот меч со Рома, но неговиот настап не остана не забележан на „Олимпико“. Имено, откако беше повлечен од игра во второто полувреме, Ибрахимовиќ беше мета на големи свирежи од навивачите на Рома со кои „водеше војна“ од почетокот на мечот.
Имено, навивачите на Рома го исвиркуваа Ибрахимовиќ речиси секој пат кога тој беше во контакт со топката, а во неколку наврати од трибините скандираа: „Циган, циган“.
„Колку повеќе викаат, толку повеќе се чувствувам жив. Ми го креваат адреналинот“, порача Ибра за навредите од трибините.
Ibrahimovic calling Roma fans to sing louder after scoring his goalpic.twitter.com/Rz6ZTDaZnT
— Milan Eye (@MilanEye) October 31, 2021