По неочекуваниот пораз од Чикаго, кошаркарите на Јута им се вратија на победите откако синоќа триумфално заминаа од гостувањето кај шампионот Милвоки совладувајќи го со 107:95. Предводени од Мичел со 28 поени, „џезерите“ ја запишаа и петтата победа сезонава во шестиот старт од почетокот на сезоната. Одличен меч имаше и Конли кој запиша 20 поени, а и Руди Гобер беше на висина на задачата со 19. Кај шампионот, Адетокумпо со 25 поени беше најефикасен.
Расел Вестбрук ги предводеше „езерџиите“ до четвртата победа сезонава, овој пат на домашен терен против Хјустон со 95:85. Новото име во составот од ЛА постигна 20 поени со 9 асистенции, а Ентони Дејвис придодаде 16.
Претходно синоќа, Далас на крилата на Лука Дончиќ славеше дома против Сакраменто со 105:99. Словенечката ѕвезда запиша 23 поени со 10 асистенции и 8 скока и малку недостасуваше да дојде до трипл-дабл учинок. Расположен беше и Хардавеј Јуниор кој запиша 16 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Сакраменто 105:99
Шарлот – Портланд 125:113
Милвоки – Јута 95:107
Бруклин – Детроит 117:91
ЛА Лејкерс – Хјустон 95:85