ПСЖ, наводно, не ја исклучи веројатноста дека би можеле да го раскинат договорот со Серхио Рамос, бидејќи тој никако не успева да се рехабилитира од повредите и никако да дебитира во дресот на парижани.
Шпанскиот дефанзивец се пресели во ПСЖ со слободен трансфер во текот на летото, но сепак навивачите чекаат три месеци тој да се опорави од повредите и да заигра.
Сите овие повреди ги иритираат челниците на ПСЖ и приказните во Франција велат дека таму вече се размислува за раскин на договорот. Францускиот весник „Ле Паризиен“ тврди дека ПСЖ би можел да го прекине неговиот договор доколку неговите здравствени проблеми продолжат да ги попречуваат неговите можности за настап.