Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов ќе добие нов тренер. Имено, утрово од Хрватска стигнува вест дека досегашниот тренер на Хајдук, Јенс Густафсон повеќе не е тренер на првиот тим на сплиќани. Тој заминува од Хајдук заедно со неговите помошници Андреас Бренстром и Торбјорн Арвидсон.
Густафсон го презеде првиот тим на Хајдук на 28 мај оваа година. Под негово водство Хајдук одигра вкупно 17 натпревари и забележа девет победи, три нерешени и пет порази. Тој го водеше тимот на последниот натпревар во Копривница, каде сплитскиот тим загуби со 2:3.
Хајдук најави дека во текот на оваа недела ќе го соопшти името на новиот тренер на првиот тим.