Македонскиот репрезентативец Енис Барди играше од првата минута за Леванте на дуелот со Гранада на домашен терен во рамките на 12. коло на шпанската Ла Лига. Леванте доживеа убедлив пораз што е нивни шести оваа сезона и остана претпоследен на табелата само поради подобрата гол-разлика од „фенерџијата“ Хетафе.
Санчез, Суарез и Пуертас стрелаа за гостите. Барди имаше убава шанса во 55. минута но неговиот шут заврши покрај голот. Тој играше до 72. минута и потоа беше заменет.
Леванте се уште нема победа во новата сезона. Има шест ремија и шест порази. Гранада со овој триумф скокна на 14-тата позиција.