„Волците“ му го нанесоа четвртиот пораз на Евертон (видео)

117

Тимот на Вулверхемптон славеше со 2:1 над Евертон во последниот меч од 10. коло на Премиер лигата. „Волците“ одлично го почнаа мечот, уште во 15. минута ја погодија мрежата но голот беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР.

Но во 28. минута Килман погоди, а веднаш потоа зголеми Раул Хименез.

Во вториот дел Евертон беше подобар, но постигна само еден гол за ублажување на поразот. Реализатор на погодокот беше Ивоби.

Евертон го доживеа четвртиот пораз сезонава, а трет по ред по што падна на 12-тата позиција на табелата. Вулверхемптон фати ритам и на последните пет кола има четири победи и едно реми. Тие скокнаа на 7-мата позиција.

ПретходноБарди и Леванте посрамотени од Гранада
СледноДенеска промоција: Потписот на Конте вреден 20 милиони фунти!