Во Струмица денеска со двојна програма се комплетира 4. коло

111

Со двојната програма во струмичката сала „Парк“, денеска ќе се заокружи и 4. коло од одбојкарските првенства на Македонија во машка и во женска конкуренција. По средбите одиграни во саботата, остана да се комплетираат и двете конкуренции со две интересни дерби пресметки попладнево.

Први (17 ч.) на сцена стапуваат мажите. Шампионот Струмица 47&72 денеска пред своја публика го пречекува тимот на Шкендија во дуел на непоразените во досегашните три кола, со тоа што струмичани имаат две победи во две одиграни средби, додека тетовци имаа една победа повеќе.

Веднаш по овој дуел уште едно дерби, но кај дамите. Амбициозниот состав на Струмица од 19.30 часот е домаќин на екипата на Јанта Волеј КВ. И двете екипи влегуваат во мечот со единствена желба – победа.

Прва лига, мажи – 4. коло

Струмица 47&72 – Шкендија (денеска, 17:00 ч.)

Штип УДГ – Јанта Волеј 3:0 (25:22, 25:17, 25:20)

Дибра Волеј – Весна Пробиштип 0:3 (13:25, 12:25, 14:25)

Лирија – ГОК Борец 3:2 (25:23, 19:25, 18:25, 26:24, 15:11)

Универзитет во Тетово – Вардар 3:1 (25:23, 25:19, 20:25, 25:23)

Прва лига, жени – 4. коло

Струмица – Јанта Волеј КВ (денеска, 19.30 ч.)

Наковски Волеј – Фит Фан Волеј 3:1 (26:28, 25:17, 25:14, 25:15)

Универзитет во Тетово – Вардар 3:1 (25:19, 25:21, 24:26, 25:23)

Работнички – Пелистер 3:0 (25:17, 25:8, 25:10)

ПретходноЦел стадион скандираше „Циган, циган“, а тој им порача: Така се чувствувам жив
СледноЃоковиќ: Искрено, не знам дали ќе играм на Австралија Опен