Драма во Норвешка – фудбалер колабрираше на теренот, мечот прекинат

259

Натпреварот од втората норвешка лига помеѓу Сонгндал и Стјордалс-Блинк e прекинат во 12. минута откако домашниот фудбалер Емил Палсон паднал на тревата, поради што му е укажана лекарска помош. Локалниот „Согн Авис“ пишува дека ситуацијата била драматична, поради што играчот за врска на домашните со хеликоптер итно е префрлен во Берген кој е оддалечен 250 километри. Се претпоставува дека се работи за срцев удар.

Палсон има еден меч за репрезентацијата на Исланд, а во Согндал игра како позајмен фудбалер од прволигашот Сарпсборг.

ПретходноФМП со супер финиш ја однесе победата од Куманово
СледноПочна третото коло во наградната игра ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ