Игор Ангеловски во игра за нов тренер на Хајдук

593

Екс-селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, е еден од најсериозните кандидати за денеска испразнетото место на клупата на хрватскиот фудбаски гигант Хајдук, дознава СПОРТМЕДИА.

Ангеловски кој е без ангажман по завршувањето на договорот со ФФМ, имаше контакти со неколку клубови, но се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи тренерската работа. Хајдук, пак, денеска го отпушти Швеѓанецот Густафсон и веќе имал првични разговори со екс-селекторот на нашата репрезентација.

Од сплитскиот тим најавија дека наскоро ќе го објават името на новиот тренер.

ПретходноМеси проговори за евентуалното враќање во Барселона
СледноКуман си замина, но нов Холанѓанец е на пат за Барселона