Капело: Му реков на Алегри да не се враќа во Јувентус бидејќи ќе стане жртвено јагне

205

Легендата на италијанскиот фудбал Фабио Капело изјави дека го советувал Масимилијано Алегри да не се враќа во Јувентус ова лето, бидејќи знаел дека ќе стане жртвено јагне за лошите игри односно резултати на тимот. „Старата дама“ е во серија од два последователни порази во првенството и вкупно три натпревари без победа. Ова ги остави на деветтото место на табелата со 16 бодови од лидерите Наполи и Милан.

 „Му реков да не се враќа во Јувентус бидејќи ќе стане жртвено јагне за сите проблеми. Тимот има ДНК на победник, но тоа во моментов не е видливо. Играчите едноставно не го прават она што треба да го направат. Сите мислат дека е виновен тренерот, но не е така, не е лесно да се промени ситуацијата“, изјави поранешниот тренер на „Старата дама“ со која освои две титули во двете сезони во Торино.

Getty images

ПретходноМиовски во тимот на колото во Унгарија (ВИДЕО)
СледноГонзало Виљар се враќа во Шпанија во јануари