Конте е во Лондон, се чека само на официјалното „ДА“!

464

Веројатно часови или можеби и минути го делат Антонио Конте од тренерската клупа на Тотенхем. Последните информации имено велат дека тој попладнево пристигнал во Лондон каде во моментов се водат завршните преговори меѓу италијанскиот стратег и раководството а Тотенхем. Откако „спарси“ останаа без стратег по отказот кој го доби Еспирито Санто, клубот од Лондон со сите сили тргна по тренерот кој на Јуве, Челзи и Интер им ги донесе титулите во Серија А и Премиер – лигата.

Се очекува само на официјалното “ДА“, а според шпелулациите Конте барал годишна плата од 15 милиони евра за седне на клупата на “спарси“.

ПретходноСите мечеви од 13.коло во ПМФЛ ќе се играат в сабота!
СледноОфицијално: Карабатиќ во ПСЖ до 2023!