Конте е нов тренер на Тотенхем, се чека потврда од клубот

225

Откако утринава тимот на Тотренхем му врачи отказ на досегашниот тренер, Нуно Еспирито Санто цело претпладне светската јавност е во исчекување на неговиот наследник.

И не се чекаше премногу затоа што Англичаните јавуваат дека Антонио Конте ја презема клупата на тимот од Лондон. Се чека само потврда од страна на Тотенхем што веројатно ќе се случи во текот на денов.

Тотенхем лошо го стартуваше шампионатот, загуби викендов од Манчестер Јунајтед на домашен терен и тоа беше последниот меч за Еспирито Санто на чело на тимот.

 

ПретходноОчајот на Барселона се преточи и на трибините: Антирекорд на посетеност на „Камп Ноу“
СледноМеси: Од Барселона си заминав навреден, никој никогаш не ми рече да играм бесплатно