Барселона останува во игра за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек. Фудбалерот неодамна го смени агентот откако не му беше исполнета желбата да си замине од Јунајтед.
Според каталонски „Спорт“ во јануари каталонскиот клуб може да се обиде да го изнајми 24-годишниот Холанѓанец со опција за откуп. Транзицијата може да биде олеснета со фактот што Али Дурсун, кој е агент и на Френки де Јонг, стана нов агент на Ван де Бек.