Лазаров ги мести коцките за силна Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

1322

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за двата пријателски средби против Египет во рамките на ЕХФ неделата. Токму со овие натпревари почнува мисијата ЕП 2022. Египет ќе ја даде вистинската слика, Кирил Лазаров и неговиот стручен штаб добро ќе знаат што ќе треба да се поправи пред стартот на континенталното натпреварување, на кое Македонија ја чека тешка група, ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска. Лазаров од утре на располагање ќе го има комплетниот состав ќе се приклучат Митревски, Пешевски и Миркуловски.

ПретходноФИФА го казни Мексико поради скандирање против хомосексуалците!
СледноДимитриевски ја сочува мрежата и против Селта