Меси проговори за евентуалното враќање во Барселона

180

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси проговори за можното враќање во Барселона. Откако летово замина во ПСЖ, многумина веруваат дека тој, сепак, во скоро време ќе с еврати во клубот каде ја помина целата своја кариера.

„Дали ќе се вратам во Барселона? Да, секогаш велев дека би сакал да можам да му помогнам на клубот. Би сакал еден ден да станам технички секретар. Не знам дали ќе биде тоа во Барселона или не. Ако има можност, би сакал повторно да придонесам со тоа што можам, бидејќи Барселона е клуб што го сакам и би сакал да остане добар, да продолжи да расте и да остане еден од најдобрите во светот“, вели Меси во интервју за „Марка“.

ПретходноЃоковиќ: Искрено, не знам дали ќе играм на Австралија Опен
СледноИгор Ангеловски во игра за нов тренер на Хајдук