Покрај лошата форма на тимот, натпреварот со Алавес постави и антирекорд во однос на посетеноста на натпреварот на Барселона. Само 37.278 гледачи се собраа на трибините на „Камп Ноу“, со оглед на тоа што немаше ограничувања на капацитетот поради коронавирусот.
Ова е најслаба посетеност на домашен меч на „каталонците“ во Ла Лига за време на викенд во последните 20 години.