Со оглед на фактот што Винициус Јуниор во моментов игра во фантастична форма, менаџментот на тимот на Реал Мадрид ќе сака што поскоро да го обнови неговиот актуелен договор со клубот и потоа на мир да гледа како бразилецот се развива во еден од најдобрите фудбалери во светот.
Тој во моментов има договор до 2024 годин, и тоа е во ред, но неговата плата достигнува „само“ 3.5 милиони евра, што во споредба со останатите звезди на тимот е далеку помала.
Затоа, се верува дека наскоро Винициус ќе потпише нов дил кој ќе биде со времетраење до 2026 година и според кој тој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.