Сите мечеви од 13.коло во ПМФЛ ќе се играат в сабота!

626

Претстојниот викенд на програмата е 13.коло во нашата елитна лига, во ПМФЛ. Според однапред направениот распоред, место во недела, натпреварите се играат еден ден порано, и тоа поради собирот на нашата репрезентација за ноемвриските квалификации. Имаше најави дека еден натпревар би се играл во петок, но сепак одлучено е сите шест средби да се играат во исто време, во сабота со почеток од 13 часот. ТВ пренос на МРТВ и Арена Спорт ќе има од средбата Работнички – Академија Пандев, додека на другите мечеви се среќаваат Ренова – Шкендија, Пелистер – Струга Трим Лум, Македонија ЃП – Шкупи, Тиквеш – Борец и Брегалница – Скопје.

ПретходноШеикот со услов за да го пушти Чави: Лапорта да дојде во Доха!
СледноКонте е во Лондон, се чека само на официјалното „ДА“!