Хаотични и страшни вести ни доаѓаат од Јужна Америка, каде фановите на Гремио просто дивее на стадионот, а еве и една од Аргентина, уште пострашна, каде е пукано во тренерот.
Имено на еден третолигашки меч меѓу Хуракан де ла Ферас и Фера де Грал Пико, било пукано во тренерот и тоа од пиштол. Инцидентот почнал на трибините, хулиганите почнале со пресметка меѓу себе за да настрада тренерот на гостите кој бил ранет, но не е во животна опасност. Лошото е во тоа што на трибините имало и деца, за среќа немало други ранети лица. Се разбира дека мечот, во таа 79.минута, веднаш бил прекинат.