Струмица двапати водеше, Јанта Волеј КВ однесе победа

181

Одбојкарките на Јанта Волеј по голема борба дојдоа до победа од 2:3 (25:20, 23:25, 25:21, 21:25, 11:15) на гостувањето кај Струмица во дербито на 4. коло од Првата лига во женска конкуренција. И двете екипи одиграа како за вистинско дерби. Во секој од сетовите имаше неизвесност до самиот крај, а и двете екипи имаа свои растови и падови.

Струмичанки почнаа добро и успеаја да го освојат првиот сет со 25:20. Играа одлично и во вториот сет, но во моментите кога се кршеше резултатот, Јанта Волеј успеа да дојде до посакуваните два поени предност за 25:23 и израмување на 1:1 во сетови.

Струмица повторно се врати во ритам во тертиот сет и успеа со 25:21 повторно да поведе. Јанта Волеј не ги загуби нервите и успеа да ги искористи сите технички грешки кои во финишот на сетот ги направија домашните одбојкарки, за да врати со 25:21 за израмнување на 2:2.

Петтиот тај-брејк сет гостинките го отворија подобро и имаа предност до 5:4. Струмица влезе во серија и поведе со 6:5. И двата тима се обидуваа да одиграат рационално и да чекаат на грешки на противникот, па и резултатот беше постојано израмнет се до 12:9, кога Јанта Волеј успеа да направи прва предност од три поени. Гостинките влегоа со плус четири на поен до победа (14:10) и ја искористија втората меч топка за победа.

ПретходноПочна третото коло во наградната игра ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ
СледноАлаба: Баерн е голем клуб, ама Реал за нијанса е поголем!