Тотенхем повторно се јавува кај Конте, тој им побарал плата од 15 милиони евра

349

52-годишниот италијански стручњак Антонио Конте ги доставил своите барања до раководството на Тотенхем, кои и натаму се сериозно заинтересирани да го ангажираат на менаџерското место.

Според новинарот Николо Шира, Конте барал да добие 3-годишен договор со плата од 15 милиони евра годишно и гаранција дека Тотенхем ќе може да набави 3-4 играчи од неговата листа на посакувани засилувања. Преговорите меѓу двете страни се во тек.

Позицијата на актуелниот тренер на лондончани Нуно Еспирито Санто е разнишана по поразот на тимот со убедливи 3:0 на домашен терен од Манчестер Ј. во мечот од 10. коло.

ПретходноЈута со лекција за шампионот, Дончиќ за нова победа на Далас (ВИДЕО)
СледноАко не се опорави наскоро, ПСЖ ќе му го раскине договорот на Рамос?