Како што и беше најавено, утре во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија.
Натпреварите се закажани за на 24 ноември (среда), а и во оваа фаза ќе се игра по еден меч, победниците ќе се најдат во полуфиналето.
Па така утре точно на пладне екипите на Струга ТЛ, Македонија ЃП, Вардар, Шкендија, Брегалница, Силекс, Пелистер и Шкупи ќе ги дознаат ривалите за 1/4 финалето на нашето најмасовно фудбалско натпреварување.