Цел стадион скандираше „Циган, циган“, а тој им порача: Така се чувствувам жив

12711

Иако минатиот месец го прослави својот 40-ти роденден, Ибрахимовиќ се уште покажува магија на теренот, а со своите голови потсетува дека се уште не е за пензија.

Ибрахимовиќ постигна фантастичен гол на вчерашниот меч со Рома, но неговиот настап не остана не забележан на „Олимпико“. Имено, откако беше повлечен од игра во второто полувреме, Ибрахимовиќ беше мета на големи свирежи од навивачите на Рома со кои „водеше војна“ од почетокот на мечот.

Имено, навивачите на Рома го исвиркуваа Ибрахимовиќ речиси секој пат кога тој беше во контакт со топката, а во неколку наврати од трибините скандираа: „Циган, циган“.

„Колку повеќе викаат, толку повеќе се чувствувам жив. Ми го креваат адреналинот“, порача Ибра за навредите од трибините.

ПретходноАтанасов ќе добие нов тренер, Хајдук му врачи отказ на Швеѓанецот Густафсон
СледноВо Струмица денеска со двојна програма се комплетира 4. коло