Чави ќе биде промовиран во четврток

157

Шпанските медиуми објавуваат дека шпанската фудбалска легенда Чави со сигурност ќе биде новиот тренер на Барселона и дека се чека само негово пристигнување во Каталонија од Блискиот исток каде што во моментов се наоѓа како тренер на АЛ Сад.

Тоа според нив ќе се случи во четврток кога тој и официјално ќе биде промовиран, но со напомена дека многу веројатно нема да го води тимот на мечот против Селта следниот викенд. Се напоменува дека тој вистински ќе ги преземе конците во тимот за време на репрезентативната пауза која следува по ова првенствено коло.

 

ПретходноБајиќ одбра за следниот репрезентативен предизвик
СледноРеал ќе поита со новиот договор за Винициус