Одбојкарите на Струмица остварија убедлива победа од 3:0 (25:18, 25:21, 25:17) во последниот меч од 4. коло на Првата лига во машка конкуренција и продолжија со победничката низа. Во дербито на колото, шампионот успеа да му го нанесе првиот пораз на тимот на Шкендија, која во досегашниот дел од сезоната имаше три победи. Тетовци одиграа одличен втор сет, но се чини тоа беше премалку за подобар резултат.