Ѓоковиќ: Искрено, не знам дали ќе играм на Австралија Опен

150

Новак Ѓоковиќ се уште официјално не потврди дали ќе игра на првиот Грен Слем следната година, Австралија Опен. Во изјава за српскиот весник „Новости“, првиот светски рекет вели дека за конечна одлука ќе мора да почека да ги дознае и дефинитивните услови за патување во Австралија кои ќе ги донесе таа земја.

„Искрено, не знам дали ќе играм. Австралија можеби ќе дозволи да се влезе, па потоа во Викторија да има некое друго правило. Ќе почекаме до конечните услови“, вели Ѓоковиќ.

Во моментов тој е во Париз каде денеска ќе почне со настап во двојки со Крајиновиќ.

ПретходноВо Струмица денеска со двојна програма се комплетира 4. коло
СледноМеси проговори за евентуалното враќање во Барселона