Јута со лекција за шампионот, Дончиќ за нова победа на Далас (ВИДЕО)

220

По неочекуваниот пораз од Чикаго, кошаркарите на Јута им се вратија на победите откако синоќа триумфално заминаа од гостувањето кај шампионот Милвоки совладувајќи го со 107:95. Предводени од Мичел со 28 поени, „џезерите“ ја запишаа и петтата победа сезонава во шестиот старт од почетокот на сезоната. Одличен меч имаше и Конли кој запиша 20 поени, а и Руди Гобер беше на висина на задачата со 19. Кај шампионот, Адетокумпо со 25 поени беше најефикасен.

Расел Вестбрук ги предводеше „езерџиите“ до четвртата победа сезонава, овој пат на домашен терен против Хјустон со 95:85. Новото име во составот од ЛА постигна 20 поени со 9 асистенции, а Ентони Дејвис придодаде 16.

Претходно синоќа, Далас на крилата на Лука Дончиќ славеше дома против Сакраменто со 105:99. Словенечката ѕвезда запиша 23 поени со 10 асистенции и 8 скока и малку недостасуваше да дојде до трипл-дабл учинок. Расположен беше и Хардавеј Јуниор кој запиша 16 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Сакраменто 105:99

Шарлот – Портланд 125:113

Милвоки – Јута 95:107

Бруклин – Детроит  117:91

ЛА Лејкерс – Хјустон 95:85

ПретходноСтигна до јубилеј: 400 гола во кариерата – Златан Ибрахимовиќ! (ВИДЕО)
СледноТотенхем повторно се јавува кај Конте, тој им побарал плата од 15 милиони евра