Агуеро најмалку три месеци надвор од терените

216

Барселона денеска потврди дека Серхио Агуеро ќе биде подложен на дополнителни испитувања и на терапии во наредните три месеци што значи дека аргентинскиот напаѓач долго време ќе го нема на терените.

Аргентинскиот напаѓач Сергио Агуеро се пожали на отежнато дишење на мечот против Алавес по што беше заменет, а лекарските прегледи открија срцева аритмија, неправилна работа на срцето.

Врз 33-годишникот ќе продолжат лекарските прегледи, за да се утврди дали постои сериозен проблем кој би можел да влијае на кариерата на искусниот играч.

ПретходноАлаба: Баерн е голем клуб, ама Реал за нијанса е поголем!
СледноСега Унаи Емери е прв “пик“ на Бин Салман!