Барди и Леванте посрамотени од Гранада

305

Македонскиот репрезентативец Енис Барди играше од првата минута за Леванте на дуелот со Гранада на домашен терен во рамките на 12. коло на шпанската Ла Лига. Леванте доживеа убедлив пораз што е нивни шести оваа сезона и остана претпоследен на табелата само поради подобрата гол-разлика од „фенерџијата“ Хетафе.

Санчез, Суарез и Пуертас стрелаа за гостите. Барди имаше убава шанса во 55. минута но неговиот шут заврши покрај голот. Тој играше до 72. минута и потоа беше заменет.

Леванте се уште нема победа во новата сезона. Има шест ремија и шест порази. Гранада со овој триумф скокна на 14-тата позиција.

ПретходноБолоња слави триумф над последниот Каљари (видео)
Следно„Волците“ му го нанесоа четвртиот пораз на Евертон (видео)