Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
Со оглед на фактот што до самиот термин однсоно собир има уште доста време, селекторот Бајиќ се реши за поприлично широт список од 18 кошаркари. Првиот меч во рамките од КВалификациите за СК е закажан за во Скопје против Шпанија на 26. ноември.
Собирот е предвиден да биде на 20. ноември, а Бајиќ и стручниот тим ќе ја следат формата на сите репрезентативни кандидати, по што ќе биде формиран финалиот ростер за двата натпревари во квалификациите во првиот ФИБА „прозорец“, во кој освен средбата со Шпанија, на 29. ноември следува и онаа против репрезентацијата на Украина, која ќе се игра во „палатата на спортовите“ во Киев.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦОТ“ ВО НОЕМВРИ 2021
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)
Дарио Митевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Стојан Ѓуроски (Пелистер)
Љубомир Младеновски (Пелистер)
Андреј Митревски (Феникс 2010)
Виктор Ефремовски (Гостивар)
Андреј Маслинко (ТФТ)
Кирил Николовски (Кожув)
Лејсон Зекири (Приштина-Косово)
Андреј Магдевски (Плоешти ЦСМ-Романија)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)
Селектор: Драган Бајиќ