Ибрахимовиќ: Сакам да ме навредуваат од трибините, што се погласни јас сум подобар

142

Златан Ибрахимовиќ на полни 40 години во моментов е еден од најдобрите играчи во Серија А, а на вчерашното дерби против Рома на гости постигна прекреасен гол од слободен удар во триумфот од 1:2.

Откако реализираше, Ибрахимовиќ прослави пред трибината на навивачите на Рома, кои го навредуваа цел натпревар пеејќи „ти си Циган“ секогаш кога Златан ја имаше во посед топката. Со прославата Златан само им порача дека воопшто не го засегаат навредите напротив го мотивираат.

„Ма само нека продолжат да скандираат глупости, да ме навредуваат. Што се тие погласни, тоа сум јас подобар“ – изјави Златан по мечот.

 

ПретходноРеал ќе поита со новиот договор за Винициус
СледноМиовски во тимот на колото во Унгарија (ВИДЕО)