Куман си замина, но нов Холанѓанец е на пат за Барселона

329

Барселона останува во игра за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек. Фудбалерот неодамна го смени агентот откако не му беше исполнета желбата да си замине од Јунајтед.

Според каталонски „Спорт“ во јануари каталонскиот клуб може да се обиде да го изнајми 24-годишниот Холанѓанец со опција за откуп. Транзицијата може да биде олеснета со фактот што Али Дурсун, кој е агент и на Френки де Јонг, стана нов агент на Ван де Бек.

ПретходноИгор Ангеловски во игра за нов тренер на Хајдук
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто!