Меси: Од Барселона си заминав навреден, никој никогаш не ми рече да играм бесплатно

272

Еден од најголемите, ако не  најголем фудбалски трансфер во последната деценија секако беше оној со кој Лионел Меси по дваесетина години минати во Барселона, летово замина во Париз и потпиша за ПСЖ.

Се напишаа „милион“ текстови, се огласија ама буквално сите кои нешто значат во фудбалот по ова прашање, а самиот Меси ретко кога се отвори на оваа тема, и даваше во примцип дипломатски одговори.
Сега откако, конечно малку од малку еуфоријата стивна и тој заигра во континуитет за неговиот нов клуб, Меси реши да проговори и да сподели со јавноста дел од деталите поврзани со неговото заминување од Ноу Камп.

„Најголемата вистина е дека јас сакав да останам и направив се што во тој  момент се бараше од мене за да останам. Никој никогаш не ми пријде и не ме праша дали сакам да играм бесплатно во Барселона. Ме прашаа дали би се согласил да примам 50% помала плата, на што реков, да. Сакав да му помогнам на клубот и бев во позиција тоа да го направам. Токму затоа, се навредив од изјавите на претседателот кои немаа смисла. И тоа ме боли најмногу бидејќи не требаше тоа да го каже. Поради него луѓето почнаа да се сомневаат во мене и во моите намери, а јас тоа не го заслужувам“ – изјави Меси.

 

ПретходноКонте е нов тренер на Тотенхем, се чека потврда од клубот
СледноШто му е на Кевин Дурент? Прво казна, а сега исклучување…. (ВИДЕО)