Милевски в среда со списокот, проблеми во средниот ред, ќе има и еден дебитант!

3638

Како што дознаваме, селекторот Благоја Милевски в среда ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за последните два меча од квалификациите за СП во Катар 2022 година. Познато е дека овие квалификации ги завршуваме со Ерменија на гости (11 ноември) и со Исланд дома (14 ноември).

Инаку не е тајна дека Милевски има големи проблеми со играчите од средниот ред. Ако радосна вест е враќањето на Енис Барди, тогаш лоша вест е дека и дефинитивно нема да сметаме на нашиот клучен играч Аријан Адеми поради повреда. Исто така повредени се и Бобан Николов, Тихо Костадинов и Стефан Спировски. Нивниот настап на овие два меча е крајно проблематичен. Сепак останува уште 6-7 дена до собирот на репрезентацијата, па да се надеваме дека Николов, Костадинов и Спировски сепак ќе можат да играат.

Исто така познато е дека на првиот меч со Ерменија ќе мораме и без капитенот Стефан Ристовски кој ќе го прескокне патувањето во Ереван поради жолти картони.

Исто така дознаваме дека најверојатно на списокот ќе има и еден дебитант, а тоа е офанзивецот Валон Етеми (24), членот на турскиот Истанбулспор.

Етеми потекнува од школата на Ренова, потоа бил член на Динамо, Адриатик, Кукс, сите клубови од Албанија.

ПретходноОфицијално: Карабатиќ во ПСЖ до 2023!
СледноШампионот ја запре победничката серија на Шкендија