Официјално: Карабатиќ во ПСЖ до 2023!

289

Никола Карабатиќ, репрезентативецот на Франција и еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт и натаму ќе го носи дресот на ПСЖ. Ова денеска и официјално го објавија од раководството на клубот од Париз каде што тренер е Раул Гонзалез, екс селектор на Македонија и некогашен стратег на Вардар со кого во 2017 година ја освои титулата во Лигата на Шампионите.

Карабатиќ дресот на ПСЖ ќе го носи до 2023, така стои во новиот договор, и ќе се обиде во овој период конечно да му ја донесе титулата европски првак на најбогатиот ракометен клуб во овој момент.

Инаку Францускиот репрезентативец во Париз е од 2015 година, а претходно беше член на Барселона, Кил, Монпелје…

ПретходноКонте е во Лондон, се чека само на официјалното „ДА“!
СледноМилевски в среда со списокот, проблеми во средниот ред, ќе има и еден дебитант!